Мицкоски повторно бара датум за избори

од Nikola Popovski
210 прегледи

Дали сакал Ковачевски или не сакал избори ќе има. Досега во овие повеќе од 3 децении не се случило да нема лидерска средба на која ќе се договорат термини за тие избори, вели денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Порачува дека е потребна лидерска средба, но за договарање на изборниот процес, утврдување на датумите за избори, за техничка влада и да се имплементираат препораките од ОБСЕ/ОДИХР.

-Ако Ковачевски не прифати, одговорноста е негова, порачува лидерот на опозицијата.

Вели дека е логично е да има двојни избори за да се намали трошокот.

-Затоа што еден изборен процес е помеѓу 7 и 10 милиони евра кои ќе бидат потрошени и сега би било малку несмасно и некоректно од наша страна во услови на криза, во услови кога половина од населението гладува и едвај врзува крај со крај од први до први ние да зборуваме за одвоени изборни процеси уште повеќе што можеме да влеземе во политичка и уставна криза ако претседателските избори не бидат успешни и тогаш навистина влегуваме во еден озбилен проблем имајќи предвид дека 2025-та година е повторно изборна година имаме локални избори. Нашата намера е само да помогнеме во процесот и само државнички да се однесуваме и цениме дека можеби најдобро за државата е да има заеднички избори, вториот круг претседателски да бидат заедно со парламентарни избори. Ние сме подготвени на било кој концепт, секако тие ќе бидат поразени, дециден е Мицкоски.

Слични содржини