Мицкоски повторно во костец со ДУИ: Вистинска радикализација или дефокус од аферата со бегството на Груби?

од Nikola Popovski
183 прегледи

Фактор за нестабилност или политички фолклор? Вакво прашање се поставуваше во јавноста пред одреден период откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети порача дека ако Уставниот суд го допре албанскиот јазик, плоштадите во Скопје ќе бидат полни и ќе се дестабилизира државата. Од Владата тогаш рекоа дека Ахмети е фактор на нестабилност во државата. Синоќа премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повторно упати сериозна критика кон ДУИ, посочувајќи дека партијата се наоѓа на пат на радикализација и криминализација. Во гостување на поткаст, Мицкоски посочува опозициската партија од албанскиот блок е партија која што во моментот претставува опасна закана и претставува радикален милитанен елемент, не само овде кај нас во Македонија, туку и регионално. Тој истакна дека денешната политичка и јавна перцепција за ДУИ, како во Македонија така и кај стратешките партнери на Македонија, е сосема различна од она што било во минатото. Мицкоски упати сериозни забелешки за начинот на кој ДУИ продолжува да функционира, а особено критичен е случајот со Артан Груби, кој, како што истакна, е ставен на црната листа на санкции на САД поради корупција и криминал.

Сериозен ризик за безбедноста или дефокус од аферата со бегството на Груби?

Дел од јавноста посочува дека кај сите партии од независноста до денес, ниту еден криминал не е расчистен. Според универзитетскиот професор и аналитичар, Башким Селмани, ДУИ долго време беше на власт и имаше тесна соработка и со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ, a ние како јавност не ги знаевме детали.

-Во однос на заканите за безбедноста, секоја изјава што не е умерена и во позитивна сфера, создава непријатности. Оваа Влада во име на криминалот прави грешки во однос на меѓуетничките односи. Не можете да уверувате дека безбедноста ќе биде во ред, доколку малолетници ги носите во затвор. Овие ефекти создаваат сомневања дека не е во добра насока власта опозиција и ДУИ. Не можете да се заканувате, а сторивте последици на државата, истакнува Селмани за „Локално“.

Башким Селмани

Како што додава соговорникот, во криминалните науки има изреки дека „што повеќе се зборува за криминалот во јавноста, толку потешко е да ги фатите сторителите и виновниците и да ја расчистите вината“. Вели дека „знаеме како 20 години цел судско-обвинителски систем беше во нивна полза и така му помогнаа на Груевски и на Груби“.

-Самиот проблем во државата се субјектите и партиите. Ниту една партија во нивната историја не е чиста. Сите субјекти се најголеми потрошувачи на државата и за тоа го утврдуваат јавниот долг. Ние сме една од земјите која сега е најсиромашна. Ниту еден субјект не е чист. Ако треба да се гони криминалот, треба да се почне со времето пред Груевски, по него и сега со Груби. Секогаш се дефокусира вината на еден човек, а фактички тоа не е сторено од еден човек, туку од целиот систем на државата. Нема само еден виновник. Владата треба да биде поумерена и да истражува и да зборува во јавноста за ДУИ. Секој што згрешил пред законот треба да одговара. Во однос на ДУИ, таа удира и на правата на Албанцит и тука прави грешка. Доколку сакате да уверувате дека ќе се борите против организираниот криминал, мора да пазите на најчувствителни работи како што се меѓуетничките односи. Владата ги има измешано работите – во една страна, во име на криминалот, а од друга страна, ги удира правата на Албанците. Со тоа му дава предност на ДУИ да се измеша во однос на меѓунационалните односи. Јазикот и бандентер не се лесни проблеми, туку реални. Ова не и дава пријатност на државата кога знаеме дека мораме да го намалиме јавниот долг. Никој не одговара од сторителите на јавниот долг. Треба да се биде повнимателен, бара Селмани.

Околу наводите за евентуална дестабилизација, професорот објаснува дека безбедноста е секогаш загрозена, но, Македонија е безбедна земја. Според него, партиите ја загрозуваат безбедноста.

-На секоја партија кога не ѝ одговараат нивните интереси, се „чепка“ по меѓуетничките односи кои се најчувствителни. Владата треба да бара помош и од меѓународниот фактор бидејќи во Македонија има организиран криминал и парите се изнесуваат надвор. Сама не може да се справи со оваа борба, оценува Селмани.

Бесим Небиу

Од друга страна, дел од аналитичарите сметаат дека изјавите на ДУИ и Мицкоски се во еден континуитет од предизборната кампања. Како што анализира Бесим Небиу, тоа се реторички и ПР операции кои двете страни процениле дека им се од корист.

-Во сериозни земји, борбата против криминал не се врши по прес-конференции туку преку Обвинителството и органите на прогон, вели Небиу во изјава за „Локално“.

Тој очекува од власта да овозможи амбиент во кој корупцијата и криминалот вистински, а не кампањски ќе се гонат, и кој ќе доведе во промени во перцепциите околу степенот на корумпираност и владеење на правото во нашата држава.

-Нападите врз ДУИ не се ништо друго освен обид да се прикрие неспособноста на владата да се справи со сериозно нарушените меѓуетнички односи, растечката инфлација, неуспехот во европските интеграции и континуираното назадување на државата, реагираат од ДУИ по вечерашните изјави на премиерот.

Слични содржини