Мицкоски предлага дуел или лидерска средба за предлогот устав по хрватски модел

од Nikola Popovski
146 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска порача дека е против формирањето работна група составена од експерти, чија цел ќе биде договорање на амандмани за уставните измени, со кои Бугарите и други заедници ќе се вметнат во Уставот.

-Мене како човек преку глава ми е од работни групи, каде што неколку политичари седат во затворена просторија и одлучуваат за иднината на народот, а народот е против тоа. Да не се затвораме во темни простории и да се правиме колку сме важни и значајни, па не знам што епохално таму ќе смислиме. Тоа не е начинот. Секој нивен чекор го знаеме отсега. Треба да работиме во интерес на народот и велиме дека хрватскиот модел го прифаќаме. Ова не е желботека или детска градинка, кажа Мицкоски при посетата на општина Бутел.

-Стоиме на располагање. Сакаат на дуел-на дуел ќе седнеме, сакаат лидерска средба-на лидерска ќе зборуваме. Нема што да криеме. Ако бидам поканет, ќе го образложам овој предлог на лидерска средба, додаде Мицкоски за устав во теркот на Хрватска.

Слични содржини