Мицкоски: Предвремените парламентарни избори би требало да се случат во мај

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето интервју за „Вечер“ потенцираше дека потребни се предвремени парламентарни избори кои би се одржале најдоцна до средината на мај или во втората половина на мај.

„Јас мислам дека најдоцна во јануари треба да има разврска ова сценарио за потенцијални предвремени парламентарни избори. Ако ме прашате зошто, затоа што ценам дека предвремените парламентарни избори би требало да се случат некаде во мај месец односно оваа пролет.

За тоа да се случи потребно е во јануари да имаме политички и општествен консензус, веќе во февруари техничка Влада таму некаде средината на февруари. Потоа влегуваме во два периода кои што се поврзани со големи верски празници, тоа е Рамазан и Велигден. И потоа по завршување на овие големи верски празници да отпочне процесот на кампања, тоа би значело крајот на април почеток на мај, и таму некаде во средината или втората половина на мај да имаме предвремени парламентарни избори“, наведе Мицкоски.

Слични содржини