Мицкоски призна дека ништо не направил ниту лобирал кај сестринските партии за Резоуцијата на Бундестагот, велат од СДСМ како реакција на денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што велат од владеачката партија, „Христијан Мицкоски вртеше, вртеше, ја споменуваше германската ЦДУ и на крај призна дека не направи ништо за македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебност“.
-Мицкоски кој цела година ја замајува јавноста дека ќе обезбедел подобар договор и подобра преговарачка рамка призна дека не може една сестринска партија да убеди да гласа за Резолуцијата. Толку може Мицкоски, односно не може ништо, сметаат од СДСМ.
Одговарајќи на новинарско прашање, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за резолуцијата на германскиот Бундестаг вели дека е „степен подоле“.
-Јас не знам која ја креира стратешката комуникација во СДСМ затоа што неколку дена го прозираат ВМРО-ДПМНЕ и мене зошто ЦДУ не гласала за резолуцијата. И кога мислите дека го допреле дното, тие ви кажуваат дека сте биле песимист, а требало да бидете оптимист, бидејќи можеле подлабоко да одат, кажа Мицкоски, по што додаде:
-Прво на предлог на ЦДУ во минатото во владата на канцеларката Меркел има многу потврда Резолуција која посилно ги брани македонските идентитетски одредници. Второ ќе ве потсетам и сакам да се знае дека кога Германија претседаваше со ЕУ, во времето кога канцелар беше Меркел и кога ЦДУ беше владејачка партија стигна предлог во кој ниту билатералниот договор беше во преговарачката рамка, ниту пак се отвораше прашањето за македонскиот јазик, а што се однесува до историјата и останатите идентитетски одредници не се ни споменуваа, рече лидерот на опозицијата.