Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски информира дека во Вашингтон, имал средба и со организацијата „Македонија 2025“, на која што ја истакнал посветеноста кон подобра иднина.
-Без разлика дали сме дома, во Европа или во САД, борбата секогаш е насочена кон создавање подобри услови за живот и посигурна иднина за сите, стои во објавата на премиерот.
Претходно, владината прес-служба во Скопје извести за повеќе средби при посетата на владината делегација предводена од премиерот. Мицкоски вчера се сретна со Ричард Гренел, новиот претставник на претседателот Доналд Трамп за специјални мисии и политика. Според она што премиерот на Македонија го напиша на својот Фејсбук профил, разговорите биле поврзани со актуелните настани, предизвиците со кои се соочува земјата и „стремежот кон стратешките интереси поврзани со членството (на земјата) во Европската унија.
„Барав и поголем ангажман од нашите стратешки партнери во овој поглед, како и искористување на економскиот потенцијал. Се бориме за секој интерес на државата“, напиша Мицкоски.
Делегацијата од Скопје, во која се министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и заменик министерот за европски прашања Викторија Трајков, во саботата замина за Вашингтон, со најава за учество на инаугурацијата на Трамп и одржување на голем број средби.
„Премиерот Мицкоски вечераше со Девин Нунес, претседател на Советодавниот одбор за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на корпорацијата Трамп медиа, Џон Битов – американски бизнисмен со македонско потекло, сопственик на неколку мултимилионски компании, Марко Галина, бизнисмен и раководител на на MAGA во Португалија и Крис Павловски, сопственик на Rumble Group.„На средбата се разговараше за конкретни проекти од областа на економијата, можностите за инвестирање и продлабочување на соработката меѓу двете земји“, се вели во владиното соопштение.
Мицкоски на својот Фејсбук профил напиша дека ја искористил можноста да лобира за „македонски интереси и позиции“ за клучни прашања за државата.
Во соопштението се наведува дека Мицкоски учествувал и на балот пред инаугурацијата на новиот американски претседател Трамп, каде што одржал „разговори со неколку високо етаблирани активисти и поддржувачи на американскиот претседател, како новинари и медиумски личности – Такер Карлсон, Мег Кели и со Патрик Бет Дејвид, бизнисмен и сопственик на култниот американски бејзбол клуб Њујорк Јенкис“,