Премиерот Христијан Мицкоски вели дека со нетрпение ја очекуваат резолуцијата за црвените линии со Бугарија што веќе еден месец ја најавуваат од опозициската СДСМ со цел да дадат свој придонес и да ги кажат нивните ставови.
-Ние со нетрпение очекуваме да дојде таа резолуција за да дадеме ние наш инпут. Нели самата опозиција ни велеше дека ни треба заеднички, државнички настап. Еве ја очекуваме од СДСМ резолуцијата за која се зборува веќе еден месец конечно да се појави во Парламентот за да можеме ние како политичка партија да дадеме инпут, рече Мицкоски во вечерашното гостување во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител.
Тој потенцира најпрво ќе мора да ја видат таа резолуција, па да дадат свој инпут во содржината, бидејќи, како што рече, не може да се очекува опозицијата оти бланко ќе им биде прифатено тоа што ќе го достават.