149
Деветнаесет години од трагичната смрт на претседателот Трајковски. Да си спомнеме за човекот кој ѝ се посвети на нашата држава, напиша на својот Фејсбук профил пртеседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Човек со визија и замисла за тоа каква Македонија треба да имаме. 19 години подоцна, истите предизвици и нашата борба за иднината. Ќе успееме затоа што веруваме во Македонија! Слава му!“, наведе Мицкоски.