„Христијан Мицкоски треба да се покрие од срам за катастрофата што му ја направија ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска на Скопје. Зарем мисли дека со измислици за тајни средби Мицкоски ќе се отргне од одговорноста за хаосот во главниот град?“, реагираат од Бихаќка на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Не ја чекаше Ковачевски со трубачи пред СДСМ туку Мицкоски и цело раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Токму Мицкоски ја фалеше Арсовска, одеше по митинзи и ја промовираше дека ќе била најдобриот градоначалник на Скопје.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги собраа потписите за кандидатурата на Арсовска и ги убедуваше скопјани да гласаат за неа.
Токму Мицкоски ветуваше 100 нови електрични автобуси во Скопје, заедно со Арсовска ветуваа бесплатен превоз и модерно Скопје.
И што направија, хаос во главниот град.
Наместо бесплатен јавен превоз нема превоз, наместо електрични автобуси и тие што ги има – не возат.
Мицкоски треба да се покрие од срам за катастрофата што му ја направија на Скопје, тој, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска заедно“, се додава во реакцијата.