Во деновите што ќе следат ќе има добри и пријатни вести за македонските граѓани, кога станува збор за ваков тип на односи со нашиот стратешки партнер. Жалам што опозицијата после жестоките и рафални критики кон Обединетото кралство, сега истото тоа го прави и кон САД. Не така одамна кога беа наметнати трговските тарифи од 35%, истите тие опозициски перјаници, кои јас ги нареков талог на општеството во политиката, поитаа да го навредуваат нашиот стратешки партнер САД, а никаде ги немаше да се извинат кога се нивелираше стапката на 15%, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски за суспензијата на иселеничките визи од САД.
Во однос на состојбите околу Гренланд и најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за негово „присвојување“, премиерот вели дека таквите дискусии се водат во рамките на НАТО алијансата.
Мицкоски од посетата на реконструираната спортска сала – Кратово, говореше и за лидерската средба што се одржа пред два дена во Клубот на пратеници. Очекува на наредната собраниска седница да помине Законот за прекршоци (со двотретинско мнозинство колку што е потребно) кој што е важен за проектот „Безбеден град“.