Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е пред две историски победи на парламентарните и претседателските избори

од Vladimir Zorba
374 прегледи

„Овој пат не смее да ја испуштиме шансата за мобилизација околу ВМРО-ДПМНЕ, да не бидеме манипулирани. До секој глас е! По историската победа на локалните, сега сме пред две историски победи на парламентарните и претседателските избори. Од денеска сум посреќен зошто сме поблиску до историска победа а потоа заеднички со вас да испишеме историја“, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната средба со граѓаните во Василево во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависи“.

Тој се осврна на проектите кои се планирани, но рече дека дополнително ќе се планираат и реализираат и други проекти.

-Сакаме да инвестираме во општината Василево минимум 6 милиони евра, размислувавме и дебатиравме и сумиравме неколку проекти кои ќе бидат важни за населението, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Слични содржини