Мицкоски за средбата со Ескобар: „Сега му се појасни нашите позиции“

од Vladimir Zorba
426 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја оцени средбата со американскиот заменик-помошник државен секретар, Габриел Ескобар како конструктивна и пријателска помеѓу стратешки партнери и рече дека значајна е соработката со сите наши стратешки партнери, со меѓународната заедница, но најголем приоритет има квалитетот на животот на нашите сограѓани.

– Оваа Влада и покрај тоа што има кредибилитет нула, ги злоупотребува претставниците на меѓународната заедница, чиј што дел се и САД, со лажни информации, и дел од тие лажни информации моравме да ги дебрифираме за време на состанокот на средбата со господинот Ескобар и амбасадорот Ангела Агелер и ценам дека лично на господинот Ескобар позициите на ВМРО-ДПМНЕ му се појасни. Ние сме исто така како и тие загрижени за актуелната состојба на Македонија иако нашата загриженост е поголема затоа што сепак ние живееме во оваа држава, рече Мицкоски, на новинарско прашање

Слични содржини