Мицкоски запрашан кого ќе поддржи – Трамп или Харис: Еве што одговори

од Nikola Popovski
141 прегледи

Ставот е јасен – граѓаните во САД ќе одлучат кој ќе биде претседател на нивната земја. Очекувам идниот претседател на САД да има интерес и негов фокус да остане Балканот и регионот. Само така можеме како регион да напредуваме во било која смисла, рече синоќа премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето на двевникот на „Алсат ТВ“ запрашан за изборниот процес за претседател во САД што треба да се одржи во ноември.

На прашањето кој би сакал да победи – Доналд Трамп или Камала Харис, претседателот на македонската влада рече:

„И демократите и републиканците имаат своја историска институционална меморија во регионот. Очекувам кој и да победи да има поголем фокус и поголемо влијание во самиот регион“.

Високи гости од САД кои кон крајот на јули беа примени од претседателката и премиерот, беа претставени како бизнисмени и инвеститори. Во неодамнешно интервју, Мицкоски додаде и дека се блиски до републиканскиот кандидат за претседатал на САД, Доналд Трамп.

Тогаш од кабинетот на премиерот објавија дека тој остварил средба со Крис Павловски – основач и извршен директор на интернационалната компанија „Рамбл“, Хауард Лутник – основач и извршен директор на една од водечките финансиски коорпорации во САД – „Кантор Фицџералд“ и Девин Нунес – поранешен конгресмен на Калифорнија, сега извршен директор на Трамп корпорација за медиуми и технологија.

Слични содржини