Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на средбата во Њујорк, на маргините на 78-та сесија на Генералното собрание на ОН, ја потврдија позитивната клима во грчко-турските односи и силната посветеност за нејзино одржување, Соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер.
Мицотакис и Ердоган се договорија за патната карта за контакти меѓу двете земји, која беше поставена на состанокот на министрите за надворешни работи на 5 септември, се наведува во соопштението.
„Се договоривме да продолжиме да работиме на подобрување на позитивната клима во грчко-турските односи што беше воспоставена во последните месеци и јасно го прецизиравме нивото на контакти и средби во блиска иднина во однос на политичкиот дијалог, мерките за градење доверба, и промовирање на позитивна агенда“, објави Мицотакис по средбата во средата со Ердоган.