Microsoft го враќа Skype за стари Android верзии

од Vladimir Zorba

Добри вести за корисниците на паметни телефони со постари верзии на Android доаѓаат од Microsoft. Тие ќе можат повторно да користат „up-to-date“ и поддржуван Skype Messenger.

Microsoft објави дека лансира нова оптимизирана верзија на Skype за уреди со погон на Android од верзија 4.0.3 до 5.1. Статистичките податоци на Google покажуваат дека процентот на овие уреди во февруари изнесувал околу 42%, па така од новиот предлог може да имаат корист огромен број на корисници.

Во летото минатата година, Microsoft ја прекина поддршката на Skype за старите уреди со Android. Сега, се чини, компанијата сака да се врати кај некои од изгубените Android корисници.

Надградбата до оптимизиран Skype за Android 4.0.3-5.1 ќе започне во наредните денови, а во рок од неколку недели верзијата ќе стигне до сите постоечки уреди. Според некои извори, новата верзија на апликацијата е всушност Skype Lite, која е веќе достапна во одредени региони.

Слични содржини