Microsoft ќе го згасне Paint по 32 години

од desk2
127 прегледи

Најновата надградба на Microsoft оперативниот систем Windows 10 се нарекува Autumn и ќе донесе многу нови опции, но и промени.

По 32 години користење и редизајнирање, Microsoft ќе го угаси Paint, популарната програма за обработка на битмапирани слики.

 

Paint дојде во пакет со првата верзија Windowsa 1.0 1985 година. И тогаш можеше да ги исполни желбите на скромните ликовни созадавачи. Многумина го користеа за графичко дизајнирање, што го направи долгогодишен сопатник на Windows. Првите изработки во JPEG формат Paint можеше да ги сними со Windowsa 98.

Во април годинава претставен е Windows 10, а со него и Paint 3D со можност за цртање тродимензионални слики. Меѓутоа, на корисниците на оваа популарна програма не им се допадна новата верзија затоа што велат ја изгубил смислата.
Програмата Paint не беше најдобра за изработка на слики, но сигурно на сите им служеше да брзо сечење слики, земање со screenshot или фотографии од екран.
Најновата верзија на Painta дојде до пакетот Windows 7.

Paint денес, по 32 години, се наоѓа во „корпата за отпадоци“ на креаторот на новиот Windows. Постои можност да се појави слична програма под ново име, но Windows се уште не кажал ништо официјално.