Миграциски притисок од Грција во Албанија- бугарски автобус транспортира сириски бегалци

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Албанската полиција уапси 18 илегални мигранти, кои влегле од соседна Грција. Од полицијата во Тирана прецизираа дека станува збор за авганистански државјани, кои планирале да преминат на територијата на Косово, а потоа да го продолжат патот кон земјите од Западна Европа. Илегалните мигранти се уапсени во близина на границата со Косово.

4925311 При полициската операција се приведени и петмина албански граѓани и уште еден од Авганистан, кои го  организирале илегалното преминување на мигрантите. Ако бидат прогласени за виновни шверцерите може да добијат до 15 години затвор. Во моментов мигрантите се наоѓаат во привремен бегалски центар, но откако биде проверен нивниот идентитет најверојатно тие ќе бидат вратени назад во Грција.

Потсетуваме и  дека грчката полиција денеска притвори пет лица кои учествувале во сообраќај на 87 сириски мигранти, вклучувајќи и 46 деца. Шверцерите имале намера да го пренесат мигрантите во Албанија. Меѓу уапсените има еден грчки државјанин, еден од Ирак и тројца Сиријци. Тие се уапсени во момент кога се обиделе да качат мигранти во автобус со бугарски регистарски таблички. Секој еден од мигрантите требало да плати по 5.000 долари на шверцерите. На почетокот на месец март Република Македонија ја затвори границата со Грција за илегални мигранти, а на 7-ми март т.н.. Балкански пат беше затворен официјално од Брисел. /  РТС

Слични содржини