259
Лекар од итната медицинска помош при Здравствен дом во Прешево викендов пријавил дека во оваа здравствена установа е примен сирискиот државјанин М.Б.А. (35) со повреди во пределот на градниот кош.
Како што потврдија за „Новости“ во Основното јавно обвинителство во Врање, младиот човек бил пренесен во Врање, а потоа во Клиничкиот центар во Ниш.
Од разговорот со оштетениот е утврдено дека тој повредите ги добил во конфликт со група Пакистанци во селото Лојане, во Северна Македонија, па за инцидентот полицијата од Врање ги известила колегите од соседната земја.