Мигранти се криеле во камионска приколка товарена на воз

од desk3

-2751536

 

При извршување на зајакнато обезбедување на државната граница од напливот на илегални мигранти од Афричките и Азијските земји, на  06.06.2015 година, во 20.30 часот од страна на патролен тим од ПС за ГН и ГП „Богородица“ откриени се 18 лица илегални мигранти сокриени во товарен воз поточно во еден од вагоните на кој беше товарена камионска приколка. Возот се обраќал на релација од Солун –Р.Грција до Ламбах -Р.Австрија.

 

При прегледот извршен на два пломбирани вагони а во присуство на полициски службеници од ПС за ГП и ГН „Богородица“-железнички премин, цариник и работници од Македонски железници, вагоните се отворени и во еден од нив се откриени илегални мигранти од кои 17 авганистански државјани на возраст од 15 до 36 години, а со нив имало и едно седум годишно дете како  и  еден  државјанин на Ирак на возраст од 33 години.

 

Со истите извршен е разговор. Лицата кои се откриени во возот немале организатор и по кажување на неколку од нив тие незабележано влегле во приколката додека сеуште се товарала и вратите биле отворени.

 

Од Македонски Железници не е констатирана штета и недостаток на стоката која била во приколката.

 

Лицата илегални мигранти со протоколарен лист ќе бидат предадени на ПС Евзони – Р.Грција во утринските часови.

 

Слични содржини