Мигрантите готват нов присилен влез во Македонија

од desk3
106 прегледи

Со помош на невладини организации се готват нови обиди за нелегален влез на територијата на Република Македонија од соседна Грција во недела, 27 март, пренесе БГНЕС повикувајќи се на информации на претставници на невладини организации во областа.

2111035526

Во исто време, грчките власти се обидуваат да евакуираат 11 600 лица, кои се блокирани по затворањето на балканскиот пат кон Западна Европа.

Десетици бегалци доаѓаат по железничка линијата, а во меѓувреме пристигнуваат други, додека грчки полицајци со штитови окупираат позиции на границата, пренесе АФП.

Според непотврдени информации претставници на невладини организации и новинари ќе се обидат да направат македонските власти да ја отворат границата.

2111035524

“Се обидуваме да ја разјасниме ситуацијата на бегалците. Но има луѓе кои им даваат лажни надежи на мигрантите “, изјави Јоргос Кирицис, портпарол на СОМП (SOMP) – службата, која ги координира напорите на Атина во кризата со мигранитте.

Пред две недели стотици мигранти беа запрени од македонската армија, откако се обидоа да ја напуштат Грција, поминувајќи низ река со ризик за живот. Тогаш тројца Авганистанци и една бремена жена се удавија, а останатите беа вратени во Грција.

2111035525
Приливот на мигранти од Турција продолжува да се намалува, откако пред една недела стапи на сила договорот меѓу ЕУ и Турција, со цел да прегради т.н.. балкански пат. Пред него во Грција секојдневно влегуваа илјадници мигранти. Сега грчките власти објавуваат за едвај 78 пристигнати мигранти на грчките острови во петокот и други 161 во четвртокот. На грчка земја бројот на мигрантите изнесува 50 236 лица.

2111035532

Во меѓувреме германското издание “Франкфуртер алгемајне зонтагсцајтунг” прошири информации дека шверцерите на мигранти размислуваат за нови патишта за пренесување на бегалци во Европа.

Од почетокот на април се предвидува транспортот на мигранти да се случува преку територијата на Италија. Весникот се повикува на сопствена истрага и контакти со самите превозници, чии телефони може да се најдат во социјалната мрежа “Фејсбук”.

2111035529
Преносот ќе се случува со риболовни и мали комерцијални бродови кои ќе тргнуваат од турското летувалиште Анталија, од град Мерсин крај сириската граница, како и од Атина.

Бегалците ќе добиваат инструкции да останат во мирување додека бродот не влезе во меѓународни води, прецизира весникот.

2111035530

“Некои превозници соопштија дека планираат да прават по две патувања неделно, а еден призна дека сака да стави во бродот кон 200 лица”, забележува “Франкфуртер алгемајне зонтагсцајтунг”.

2111035528

Се очекува патувањето да чини од 3 до 5 илјади евра – значително поскапо во споредба со трансфер од Турција на грчките острови.