Мигрантите можат да се “сладат” со македонски пари, ако ја тужат државава во Стразбур

од desk3

Кој било мигрант, кога ќе ја напушти Македонија може да поднесе директна тужба против Македонија во Стразбур и со сигурност да го добие спорот против државата. На ова предупредуваат здруженијата кои се борат за човекови права оти ова што во моментов се случува е тортура врз луѓето, информира Телма.

112638-616x400

Во случај кога правниот лек од Законот за странци не функционира и кога нема друг правен лек, на мигрантите им се отвора можност да поднесат тужба против Македонија без да ги користат домашните правни лекови. Според праксата на Европскиот суд за човекови права на пример  случајот Калашников против Русија, е утврдено дека и во случаи кога државата нема намера некого да мачи, пренатрупаноста и лошите услови во затворените институции се еднакви на тортура, смета Хелсиншкиот Комитет.

Минимално хумани услови за престој и брза постапка за азил. Ова се двете решенија со кои Македонија ќе избегне поголеми проблеми смета поранешниот судија во европскиот суд за човекови права во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска.

 

Повеќе ТУКА

Слични содржини