110
Околу 400 мигранти со транспаренти во рацете на кои пишува „Отворете ги границите“ денеска протестираа во кампот во Идомени и бараа Македонија да ја отвори границата и да ги пушти кон Западна Европа.
Откако европските земји ги намалија квотите за пропуштање на бегалци, македонските служби постапуваат според тие насоки и пропуштаат само онолку бегалци колку што можат да бидат примени од српските службеници на северната граница.
Според некои проценки во кампот во Идомени моментално има околу пет илјади бегалци.
Земјите на ЕУ ги заострија критериумите за пропуштање на бегалците и се пуштаат само бегалци од земји зафатени со војна, додека другите кои сакаат да бараат азил се враќаат назад по рутата.