Како млади треба да сме пооптимисти од останатите, рече претседателот на СДММ, Марко Михаилоски во гостувањето во ТВ24. Тој оцени дека 2022-рата година е надежна за младите и вратата што Европската унија ја држела долго затворена сега се подотвори.
-Со тоа почнавме како млади да го гледаме светлото на европскиот просперитет. Лани почнаа многу прашања за младинските политики да се покренуваат. Постои дискусија која што ја поттикнуваат сите заради младинските прашања и токму заради тоа фронтот за подобар живот на младите тука ќе биде секогаш отворен, рече Михаилоски.
Според него младите можат и мораат да придонесат уште повеќе за да ги донесат европските вредности дома.
-Отпочнувањето преговори значи неиселување на младите, со нив имаме проекти за мобилност и размена на студенти. Тоа значи подобри можности и повисок стандард за нас младите, што доведува и до подобро образование. ЕУ е процес, во кој сите треба да се вклучат за да може процесот да функционира, рече Михаилоски.