Новинарот на Канал 5 телевизија Гоце Михајлоски првите симптоми на КОВИД-19 ги добил во неделата на 5 април, односно неколку дена откако во емисијата „Само вистина“ гости му беа лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски. По оваа информација Заев и Мицкоски беа тестирани , и двата теста беа негативни на КОВИД-19.
Михајлоски во својот Фејсбук статус ја опиша битката со болеста и напиша дека сосема беше во право британскиот премиер Борис Џонсон, кога кажа дека новиот вирус е како крадец. Доаѓа од “нигде-никаде”, и за брзо остава пустош зад себе. Во случајот со моето семејство, зеде и живот – на татко ми.
„Последниот викенд во Прилеп.Во семејната куќа во Прилеп вирусот “влегол” кон крајот на март. Викендот 28-29 март бев во посета на родителите, неполни 24 часа, тогаш полицискиот час беше од 16 часот. Подоцна се покажа дека тоа е и последна средба со татко ми. Никој немаше никакви симптоми и не можеше ниту да претпоставиме дека “непријателот” е тука. Од каде дошол не знаеме, можеме само да погодуваме, ама тоа сега веќе е и ирелеватно.
5 април, недела
Седум дена подоцна, на 5 април недела, додека се уште бев на работа, попладнето околу 16 часот почувствував омалаксаност. Веднаш заминав дома (тоа беше мојот последен ден на работа), а вечерта добив покачена температура (38.4) и треска. Нормално, веднаш се појави стравот дека можеби “ова е тоа” за кое толку слушавме и зборувавме. Вредно е да спомнам дека практично од петокот, помеѓу двете интервјуа, ми додеваше главоболка на која тогаш не и обрнав особено внимание со оглед дека ја имам често кога сум под стрес и под притисок. Траеше прилично долго, три дена. Не помагаа никакви апчиња, а исчезна дури неделата вечер, кога се појавија температурата и треската, па гледано од денешна перспектива можно е таа да беше поврзана со вирусот.
Претходните денови, во кои бев преокупиран со веќе познатите две интервјуа, повеќепати разговарав со татко ми за емисиите, но во ниту еден момент не се пожали дека има некакви здравствени проблеми. Но, во саботата на 4 април, мајка ми, помалку изнудено (да ме одврати од идејата да го однесам детето на чување неколку дена) и помалку бенигно, ми кажа дека заедно со татко ми 2-3 дена “имаат некоја настинка, повремено со покачена температура и трески”, пишива Михајлоски.
ЕДЕН МЕСЕЦ ПОДОЦНА: Битката ја добив, војната ја изгубив(ме)Сосема беше во право британскиот премиер Борис Џонсон,…
Публикувахте от Mihajloski Goce в Понеделник, 4 май 2020 г.