Министерката за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ, коментирајќи го фактот дека Русија го прекина снабдувањето со гас преку Северен тек 1 за ЕУ земјите, изјави дека никој што е зависен од руски гас денес не може да биде безбеден и дека ситуацијата не може да се каже дека не е очекувана.
Михајловиќ одговарајќи на новинарски прашања во Собранието на Србија каде што учествува на конференцијата „Денот на Америка во Белград“, рече дека не може да се каже дека не било очекувано кога ќе се земе предвид целата ситуација со односите на Русија со Европа, санкциите, додавајќи дека Русија не само сега, со години ги користи своите енергетски ресурси како еден вид политичко оружје.
Министерот за рударство наведува дека што се однесува до Србија, земјата во претходните години направила добра работа со комплетирањето на „Балканскиот тек“.