Почина Синиша Михајловиќ

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот српски и југословенски фудбалер, поранешен репрезентативец и селектор Синиша Михајловиќ, почина во болница во Рим на 53-годишна возраст, објави италијанскиот „Газете дело спорт“.

Михајловиќ веќе неколку години се борел со леукемија, а неколку пати и ја победил.

„Храбро се бореше против страшната болест. Им благодариме на лекарите и медицинските сестри кои го следеа со години, со љубов и почит. Синиша секогаш ќе остане со нас“, се вели во соопштението на семејството.

Роден е на 20 февруари 1969 година во Вуковар, а првите фудбалски чекори ги направи во Борова, од каде се пресели во Војводина.

Со популарните „Сланинари“ стана шампион на СФРЈ во 1989 година, пред да се пресели во Црвена звезда во 1990 година.

Во белградскиот клуб беше незаменлив дел од тимот кој ја освои Лигата на шампионите во Бари и Светското клупско првенство во Токио.

Тој од Звезда се пресели во Серија А каде ќе остане до крајот на кариерата играјќи за бројни великани.

По играчката кариера имаше добра кариера како тренер.

Ја предводеше и селекцијата на Србија.

Слични содржини