Михајловска: Голем број работници сакаат да работат во недела и на празници за плус дневница

од Nikola Popovski

Сите сме за исто. Иако претставниците од Синдикатот велат недела по секоја цена да биде неработен ден, економската логика на функцијата на државата тоа не го дозволува, вели Даниела Михајловска од Стопанската комора на Македонија, во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Таа информира дека Комората бара контрола на системот на државата.

-Нека има контрола, па нека се работи во недела. Не можете вие да му го скратите правото на некој да работи во недела. Некој сака да работи дневница плус. Имаме сериозен број работници кои сакаат да работат за празници и трета смена, каде се плаќа повеќе, затоа што на крајот оди во стажот. Сепак, за жал контролата изостанува, додаде Михајловска.

Слични содржини