Мијалков соработува со Мицкоски и плаќа за партиски автобуси на ВМРО-ДПМНЕ?

од Vladimir Zorba
430 прегледи

Денеска се појави ново продолжение од аудио-снимката, на која наводно се слушаат гласовите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Зоран Милевски Кичеец, обвинет во случајот „Рекет“, а од содржината се дознава дека поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков дал пари за да организира автобуси за симпатизерите на партијата, за да присуствуваат на митингот одржани на 2 јуни, 2018 година.

Мицкоски одново изнесува доверливи информации на Кичеец, со што се добива впечаток дека ја потврдува нивната блиска соработка, дека Мијалков не се појавувал во партија и дека за тоа му било многу тешко, но сепак издвоил 10.000 евра за партиските автобуси.

Од аудио-снимката се слуша и дека партиски приврзаници коментирале дека обвинетиот вонеколку случаи на СЈО,Мијалков не сакале да го видат како влегува во седиштето на партијата. Откако во претходното претходно аудио се слушна дека бизнисменот и обвинет во случајот „Империја“, Орце Камчев донирал пари, со кои ВМРО-ДПМНЕ си платила долгови за комунални трошоци, сега и Мијалков плаќа за користење автобуси.

Се поставува прашањето дали парите од Мијалков се пријавени некаде? На која основа тој му ги дал на Мицкоски? Со оглед дека главен протагонист во двете верзии, и онаа со покриените долгови од Камчев и оваа со Мијалков, е лидерот на ВМРО ДПМНЕ тогаш одговорите лежат кајМицкоски. Тој е должен на јавноста да и објасни, но и на надлежните органи, дали парите што ги примил некаде ги завел, ги пријавил, легално ги уплатил?

Денешната снимка потврдува сепак дека Мијалков има реалции со опозициската партија и нејзиниот лидер, а информациите кои ги лиферуваат медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ дека поранешниот директор на УБК всушност работи за владејачката СДСМ е дел од поголемо сценарио, кое се надеваме ќе се открие во следниов период.

Секое ново продолжение од разговорот помеѓу Мицкоски и Кичеец открива нови детали за злоупотреба на пари, и затоа ќе мора и надлежните институции да се позанимаваат со овие случаи.

Слични содржини