Мијатовиќ: Ова е само последниот во серијата инциденти на насилство и закани насочени кон новинари

од desk3
118 прегледи

Претставничката на ОБСЕ за Слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, денеска го осуди вчерашниот напад врз новинарот Саше Ивановски во Скопје.

92039

“Ова е само последниот во серијата инциденти на насилство и закани насочени кон новинари. Но, овој растечки тренд на насилство врз припадниците на медиумите мора да се промени и затоа ги повикувам властите веднаш и целосно да го испитаат бруталниот напад на Ивановски, “изјави Мијатовиќ.

Вечерта на 22 Мај сопственикот на интернет порталот Мактел, Саше Иваносвки беше брутално нападнат и претепан од две лица. Се здобил со повреди на главата и грбот, при што била побарана медицинска помош. Ивановски го пријавил нападот во полицијата.

Во последните неколку недели, претставникот за медиуми изрази загриженост до властите во бидејќи насилните напади врз новинарите се водечки на атмосфера на неказнивост.