Мијатовиќ упати писмо до Собранието и бара носење на легислативата за признавање на трансродовите лица

од Vladimir Zorba
339 прегледи

Комесарката за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ упати писмо до македонското Собрание во кое силно ги охрабрува напорите да се донесе легислатива во согласност со стандардите на Советот на Европа за законско признавање на родот на трансродовите лица.

Писмото е упатено до претседателот на Собранието Талат Џафери, до претседателката на Комисијата за политички систем Соња Мираковска, до претседателката на Законодавно-правната комисија Снежана Калевска-Ванчева и до пратеничката-известувач за законските измени Маја Морачанин.

– Комесарката смета дека усвојувањето на претстојните измени на Законот за матична евиденција би претставувало клучен чекор во извршувањето на пресудата на Европскиот суд за човекови права во случајот X против Македонија од 2019 година, во која Судот утврди повреда на член 8 (право на почитување на приватниот и семејниот живот) од Европската конвенција за човекови права поради отсуство на брзи, транспарентни и достапни процедури во националното законодавството за признавање на родот. Комесарката нагласува дека ‘извршувањето на пресудите на Судот е камен-темелник на заштитата на човековите права во регионот на Советот на Европа, се вели во соопштението на Советот на Европа.

Според комесарката Мијатовиќ, пристапот до законско признавање на родот е од клучно значење за да се спречи дискриминација и насилство врз транс луѓето. Таа исто така ја подвлекува клучната улога на членовите на парламентот во борбата против предрасудите и нетолеранцијата против ЛГБТИ лицата и ги повика да се спротистават на притисокот од групи кои сакаат да го поткопаат целосното почитување на човековите права.

Слични содржини