Фронтменот на Ролинг стоунс Мик Џегер им вети на обожавателите дека ќе се врати на бина најбрзо што може по операцијата на срце во април.

Тоа и го направи синоќа на концертот во Чикаго каде ги израдува илјадниците фанови со неговата неуморна енергичност и препознатливите танцови движења.
Пред концертот, Џегер изјави дека изминатите недели вежбал за настапот, но не претерувал.
Американската турнејата „No filter“ повторно е активна, а 75-годишниот Џегер и неговите колеги Кит Ричардс, Рони Вуд и Чарли Вотс се чини немаат намера да го забават темпото.