Мила Јововиќ е бремена со трето дете

од Vladimir Zorba
154 прегледи

Поранешната манекенка и актерка Мила Јововиќ е бремена со своето трето дете, откри сама на Инстаграм. 43-годишната Мила сними селфи во тесен црн фустан на кој јасно се гледа како ѝ е пораснат стомакот.

„Повторно бремена. Откако знаев дека сум повторно бремена пред 13 недели, имав мешани чувства помеѓу огромна радост и целосен терор. Поради мојата возраст и загубата на последната бременост, не сакав премногу брзо да се приврзам кон бебето.

Овој период очигледно не беше многу забавен, а во последните неколку месеци моето семејство и јас живеевме на трње и поминавме многу време во канцелариите на докторите сè додека не поминав некои тестови. Фала му на Бога, сè тргна во ред и сфативме дека ќе бидеме благословени со друго девојче. Ви праќам многу љубов и ќе ве известувам “, напиша Мила на селфито.

Таткото на бебето е сопругот на Јовович, Пол Андерсон, од кого има уште две ќерки – Еве (11) и Дашил (4).