Шарл де Кетелер стана нов фудбалер на Милан.
Милан во текот на целиот преоден рок работеше на трансферот на 21-годишниот фудбалер и на крајот работата беше успешно завршена.
Актуелниот шампион на Италија се согласил на Бриж да му плати 32 милиони евра, а се споменува и бонус од три милиони евра и 12,5 отсто од следниот трансфер.
Де Кетелер стана најголемиот трансфер на клубот откако директори на клубот се Паоло Малдини и Фредерик Масара.
Белгиецот игра на позицијата централен и офанзивен играч за врска, а има потпишано договор до 2027 година.
Тој ќе го носи дресот со број 90, а во Бриж собра 120 натпревари и постигна 25 гола. Три пати беше шампион на Белгија и двапати го крена трофејот во Суперкупот.
На крајот на 2020 година дебитираше за репрезентацијата на Белгија, а на осум настапи постигна еден гол.
Во Милан годишно ќе заработува 2,2 милиони евра.