Милан го награди Тонали со нов договор и двојно поголема плата

од Vladimir Zorba
262 прегледи

Сандро Тонали го продолжи договорот со Милан до 2027 година. Веста официјално ја потврди и италијанскиот шампион. 22-годишниот играч од средниот ред пристигна во канцелариите на клубот заедно со својот агент и го потпиша новиот договор во присуство на двајца од шефовите на „росонерите“ – Паоло Малдини и Фредерик Масара.

Тонали пристигна од Бреша во 2020 година. Тој дојде на „Сан Сиро“ на позајмица за 10 милиони евра, а потоа Милан плати уште 6,9 милиони за целосно да ги обезбеди правата на еден од најталентираните италијански фудбалери.

Самиот играч од средниот ред помогна да се оствари зделката со тоа што се согласи да добие само 1,2 милиони евра годишна плата. Сега неговата плата ќе скокне на речиси 3 милиони, пишуваат медиумите во Италија.

Слични содржини