Милан подготвува сериозна понуда за играчот од средниот ред на Наполи, Елиф Елмас. Репрезентативецот на С.Македонија долго време е во сферата на интерес на „росонерите“, кои досега беа доста пасивни на трансфер пазарот.
Тренерот Стефано Пиоли сака офанзивен играч за врска кој може да делува и како класична „десетка“ и во улога на „треквариста“ – поблиску до напаѓачите. Милан првично го таргетираше Ренато Санчез, но тој е пред потпишување договор со Пари Сен Жермен.
Пред еден месец „росонерите“ се распрашаа за која сума би можеле да го привлечат Елмас и оттогаш не престануваат да работат на идејата да го доведат на „Сан Сиро“.
22-годишниот техничар има договор со Наполи до 2025 година. Минатата сезона постигна 3 гола на 37 натпревари во Серија „А“.