Елмас: Уште 90 минути нѐ делат од исполнување на сонот на цела нација

од Nikola Popovski

Можеби еден од најтешките натпревари, еден од највозбудливите на сите што сме тука и уште 90 минути не делат од тоа да си исполниме сонот како деца и за целата нација. Оваа шанса не смееме да ја испуштиме и да изгинеме за да стигнеме во Катар, вели фудбалерот Елиф Елмас пред историскиот дуел во баражот против Португалија.

Според него, натпреварот ќе биде поразличен затоа што индивидуално Португалија е поквалитетна од Италија.

-Се игра финале. Знаат дека не смеат да не потценат, а би сакал да не потценат. Од секој аспектќе биде поразлично и дека само 90 минути не делат од пласман на Светското првенство, додава Елмас во изјава, објавена на сајтот на ФФМ.

 

Слични содржини