Милан посегнува по Асенсио

од Vladimir Zorba

Италијанскиот гигант и лидер во Серија „А“, Милан започна прелиминарни разговори со лидерот на Ла Лига, Реал Мадрид за потенцијален трансфер на Марко Асенсио на Сан Сиро, а во медиумите се појави информација колку напаѓачот би ги чинел „росонерите“.

Договорот на Асенсио со „Лос Бланкос“ истекува во јуни 2023 година, а се верува дека интерес за играчот има и од Арсенал.

Според Calciomercato, Sportmediaset и ФК Милан можат да си дозволат да понудат годишна плата на Асенсио од 5 милиони евра. Ова е висината на моменталната плата на играчот на Сантијаго Бернабеу.

Сепак, според Tuttosport, Асенсио ќе бара поголема плата, веројатно околу 7 милиони евра, а не е јасно дали седумкратниот европски клупски шампион е спремен да ја задоволи таквата желба.

Слични содржини