Милан е уште еден клуб кој е заинтересиран за напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус. Од „Етихад“ не кријат дека се подготвени да се разделат со членот на бразилската репрезентација и тоа го привлекува вниманието на се повеќе клубови од Европа, а еден од нив е и Милан. Цената на играчот е околу 50 милиони евра.
Се очекува италијанскиот шампион да добие прилично солиден буџет за селекција од нивните нови сопственици, RedBird Capital. Ова ќе им овозможи да бидат поактивни на трансфер пазарот и да целат на подобри играчи.
Во Милан веруваат дека Жесус одлично ќе се вклопи во тимот, како што се случи пред многу години со привлекувањето на Роналдо Назарио. Интересно, Габриел е добар пријател на феноменот и често се консултира со него: „Често разговараме со него и знам дека секогаш можам да сметам на совети. Горд сум на тоа бидејќи за мене тој е најдобриот фудбалер што сум го видел“.
Сепак, Милан ќе има доста сериозна конкуренција за потписот на Жесус, откако на опашката се Арсенал, Челси, Барселона, Атлетико Мадрид, Реал Мадрид и Јувентус.