Жесус: Не се чувствувам заштитен

од Симе Стоиков

По одлуката на Судот на Фудбалскиот сојуз на Италија да не го казни Ачерби за наводно навреда на Хуан Жесус на расна основа, се огласи и дефанзивецот на Наполи.

Жесус го обвини Ачерби за расна навреда за време на натпреварот на нивниот тим. Ачерби го демантираше тоа, а Судот на Италијанскиот фудбалски сојуз пресуди во корист на дефанзивецот на Интер.

-Неколку пати, со големо жалење, ја прочитав одлуката на Судот дека нема докази дека сум жртва на расистичка навреда. Иако ја почитувам одлуката, се мачам да ја разберам и ми остава многу горчлив вкус. По оваа одлука, оние кои ќе се најдат во иста или слична ситуација веројатно ќе постапат на поинаков начин кога станува збор за одбрана на сопствената личност и обид да му застанат на патот на срамот на расизмот. Со оваа одлука воопшто не се чувствувам заштитен – меѓу другото, вели Жесус во соопштението.

Инаку, Ачерби поради оваа истрага беше отстранет од репрезентацијата и ја пропушти американската турнеја.

Слични содржини