Миланов: Незири нема придонес во инцидентот во М-НАВ, настанот не се случил во Контролната кула

од Nikola Popovski
307 прегледи

Целиот настан и фаза е започнат со една дезинформација која повторно се повторува и врз основа на неа се засноваат сите досегашни изјави и коментари, како од стручната и нестручната јавност. Во овој настан нема ништо што се случило во Контролната кула, ниту што се случило во нејзина близина, ниту пак со лице кое што во тој момент требало да извршува обврски во Контролната кула, вака адвокатот на Беким Незири, Еленко Миланов денеска ги коментираше обвинувањата за упадот во Контролата на летање при М-НАВ.

Миланов изјави и дека денешното појавување на Незири во Кривичниот суд покажува оти тој нема намера да бега, туку напротив, сака да го докаже она што се случило во М-НАВ на денот на инцидентот.

-Незири и денеска се појави пред судот што јасно укажува дека ниту мисли да бега туку сака да го докаже она што реално се случило во кое што тој нема апсолутно никаков придонес затоа што и тој настан се случува зад неговиот грб, од други лица, без негово учество, ниту пак од лице кое што влегува со него во зградата на М-НАВ. Да направиме дистинкција помеѓу зградата и контролната кула на М-НАВ, објаснува Миланов.

Откако го доби одговорот од одбраната на жалбата којашто ја поднесе Обвинителството против одлуката на судијата на претходна постапка, Кривичниот совет при основниот суд оформи предмет за четворицата осомничени за упадот во М-НАВ.

За нив има само мерки за претпазливост, а не и притвор како што бараше Обвинителството. Во наредните денови најавена конечна одлука.

Слични содржини