Незири во полициска станица по вчерашните случувања во М-НАВ

од Nikola Popovski
328 прегледи

Министерството за внатрешни работи информира дека лицето Беким Незири кое се поврзува со вчерашните инциденти во објектот на контролата за летање при М-НАВ, од утрово е во полициска станица.

Во моментов тој се наоѓа на информативен разговор.

-Во врска со вчерашниот напад врз вработени во М-НАВ, во полициска станица по налог на ОЈО се врши службен разговор со Б.Н., информираат од МВР.

Полицијата синоќа ја извести јавноста дека во полициска станица се четири лица инволвирани во нападот, кој беше пријавен денеска (04.01.2024) околу 15.15 часот и со нив се вршат службени разговори, по што во координација со ОЈО ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Исто така, се преземаат мерки за пронаоѓање на уште четири лица.

-Ја известуваме јавноста и дека МВР во наредниот период континуирано ќе ја обезбедува зградата на МНАВ, порачаа од полицијата.

Синдикатот на контролори на летање најави штрајк со затворање на воздушниот простор од 10-ти јануари доколку тројцата извршни директори на М-НАВ не си поднесат оставки или Владата не ги разреши како што беше најавено синоќа по нападот на контролори на летање во зградата на оваа институција. По вчерашниот инцидент таму е распоредено полициско обезбедување.

Претседателот на партискиот огранок на ДУИ во Чаир, со својата картичка пропуштил луѓе кои не биле вработени во контролата, а кои физички нападнале дел од вработените.

Слични содржини