Милановиќ е петтиот претседател претседател на Хрватска

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Зоран Милановиќ е петтиот претседател на Република Хрватска! Кандидатот на СДП има недостижна предност пред Колинда Грабар Китаровиќ, пренесоа хрватските медиуми.

Врз основа на досега обработените 95,07 проценти од избирачките места, Државната изборна комисија (ДИК) објави дека Зоран Милановиќ добил 52,83 проценти од гласовите и Колинда Грабар Китаровиќ 47,17 отсто од гласовите.

Од ХДЗ го признаа поразот, во СДП слават со новиот претседател.

Актуелниот претседател изгуби во сите поголеми градови, Истра, Приморје и не го доби потребното мнозинство во Славонија.

Колинда Грабар-Китаровиќ ќе биде вториот хрватски претседател по Иво Јосиповиќ, кој не освоил втор мандат.