Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ја поддржа кандидатурата на Украина за членство во Европската унија и предложи на БиХ и на Косово да им се додели кандидатски статус, а на Албанија и на Северна Македонија да им се дозволи да започнат пристапни преговори.
„Претседателот Милановиќ смета дека Украина треба што поскоро да добие статус на кандидат за членство во Европската унија“, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот, пренесува Хина.
Така, Милановиќ ја поддржа иницијативата на претседателите на неколку земји-членки на ЕУ, со која Украина се обидува да добие статус на кандидат за членство во ЕУ.