Милановиќ во претседателска кампања под слоганот „Нормално“

од Aleksandar Petrovski
235 прегледи

Кандидатот за претседател на Хрватска Зоран Милановиќ и неговиот изборен штаб денеска отворија официјална веб страница за неговата предизборна кампања, која ќе ја води под слоганот „Нормално“.

Страницата засега е празна, освен еден збор, во црвена боја – „Нормално“, а под него, во сино поле е одбројувач, кој го мери времето до вечерва на полноќ, кога ќе почне да работи страницата.

После секој слоган „Нормално“, ќе има запирка, по која ќе се менуваат пораките. Милановиќ е кандидат на опозициската Социјалдемократска партија (СДП), со потпис – претседател со карактер.

Милановиќ, поранешен премиер, кампањата ја почнува в сабота, со мотивациски собир во Загреб.

Слични содржини