Милановиќ: Европа веќе не е сила – само Црна Гора можеби ќе влезе во ЕУ, другите се хранат со празни ветувања

од Марта Пешевска
39 прегледи

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска им се обрати на студентите на Универзитетот на Северот во Копривница, зборувајќи отворено за глобалните политички текови. Тој изјави дека ниту една земја од регионот нема скоро да влезе во ЕУ, можеби само Црна Гора, и тоа под прашалник. „Земјите се мамат со лажни ветувања за членство, само за да отстапат од сопствените интереси“, рече тој.

Според Милановиќ, ЕУ веќе не е водечка сила – таа заостанува во иновации, ресурси и глобално влијание. „САД и Кина се клучните играчи. Европа држи предавања во Кина за човекови права, наместо да се фокусира на сопствената економија“, рече тој.

За војната во Украина, Милановиќ изјави дека е војна на исцрпување и дека можеби можела да се избегне, доколку Западот не ја туркаше Украина во спротивставување со Русија. Тој ја критикуваше и американската поддршка за Израел, велејќи дека резултирала со терор врз Палестинците.

На крајот, додаде: „Белите луѓе треба да сфатат дека не се центар на светот“, и саркастично заврши со виц: „Зошто нема државен удар во САД? – Затоа што таму нема американска амбасада“.

Слични содржини