Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ денеска изјави дека Хрватска ја принудила Унгарија да ги прими бегалците и дека тоа ќе го прави и во иднина.

download

– Со Унгарија немаше договор. Ги принудивме да ги примат бегалците така што ги испративме луѓето таму, тоа ќе го правиме и понатаму, изјави хрватскиот премиер за време на посетата на Бел Манастир, јави „Јутарњи лист“.

Милановиќ за проблемот со бегалците ги повика и Грција и Турција.

– Проблемот со бегалците е во Грција и Турција. Преку грчките острови минуваат 75-80 проценти од сите мигранти. Тоа треба да се спречи, ЕУ тоа треба да го преземе, изјави Милановиќ.

Синоќа 40 хрватски полицајци проследија воз со околу 800 мигранти на унгарска територија./МИА

Слични содржини