Правниот преседан беше направен тогаш кога комисијата за лустрација го вршеше тој лов на вештерки. Јас и сите други немаа право на одбрана пред судовите кои одлучуваа ниту на Управен суд ниту пак на Вишиот управен суд. Тоа е една од работите кој судот во Стразбур го забележува во процесите. Прекшени се член 6 и 8 од конвенцијата за човекови права. Некој ве обвинува потоа ве суди а вие немате право на збор, на одбрана, изјави Владимир Милчин, обвинет во процесот на лустрација дека соработувал со службата за државна безбедност.
Комисијата во мојот случај решаваше по документ од лице кое беше осомничено за уривање на уставниот порадок. Досието ми е отворено 1987 година поради учество во студентски демонстрации 1968 година. Јас не сум бил соработник, туку мета на државната безбедност 10 години. И тогаш бев жртва, а жртва бев и во 2012 година затоа што бев извршен директор на Фондацијата отворено општество и на Груевски му бев трн во око, вели Милчин.
Тој додава дека има телефонски разговори како Јанкулоска радносна му вели на Груевски дека дел од досиејата ќе бидат постирани на интернет.
Милчин смета дека одлуката за поништување на лустрацијата е задоцнета и дека требала да биде донесена во 2017 година.
-Одлуката за поништување е задоцнета, требаше да биде донесена во 2017, а не 2019 кога навршуваат петте години кога се има право на оспорување. Ова што сега се прави нема да биде правда за оние кои не биле соработници на службата за државна безбедност а биле етикетирани како кодоши. Ова ќе овозможи да биде заборавено злоделото на налогодавците и извршителите вклучувајќи го и Аџиев и судиите во управните судии кои не дозволуваа одбрана и одлучуваа во отстуство, вели Милчин.