Актерката Милена Радуловиќ денеска сведочеше во Вишиот суд во Белград во постапката против Мирослав Алексиќ, сопственикот на актерската школа „Stvar srca“.
Радуловиќ, една од седумте повредени девојчиња, денеска детално ги опиша своите лични искуства со Алексиќ, кој е обвинет за повеќе кривични дела силување и сексуална злоупотреба.
-Тој човек ме повреди како никој во мојот живот, рече Радуловиќ, нагласувајќи дека поради постапките на Алексa се чувствувала ужасно, до тој степен што во еден момент имала и самоубиствени мисли.
Таа рече дека решила да го пријави кога дознала дека истото, а уште полошо, се повторило на малолетните ученици од училиштето на Алексиќ.
Алексиќ ја негираше вината.
Сведочењето на Милена Радуловиќ ќе продолжи на следната главна расправа.