Милевски до советниците кои не го почитуваат Уставот: Паушалот што ќе го добијат од Северна Македонија нека го вратат

од Берта Китинска

Министерот за локална самоуправа, Горан Милески, бара новите советници во општините да го почитуваат Уставот како највисок правен акт и во свечените изјави односно заклетвите да стои уставното име Република Северна Македонија.

Ваквиот потег на советниците го оцени како политиканство и ги повика да го почитуваат Уставот затоа што законот никогаш не може да биде над највисокиот акт во државата.

„И во тие заклетви тие кажуваат дека ќе се водат и ќе работат согласно Уставот и законите, а во овој случај тие уште непочнати да работат го кршат Уставот и тоа не е добро. Јас можам да ги охрабрам и понатаму ако сакаат нека си работат вака, меѓутоа паушалот што ќе го добијат од Северна Македонија нека го враќаат, ако се толку доследни и сакаат нешто да прават еве нека ги враќаат паушалите бидејќи не им идат од Република Македонија туку од Северна Македонија“,вели Милевски за ТВ Телма.

По ваквиот развој на настаните, денеска реагираше и Министерството за надворешни работи (МНР) потсетувајќи дека сите државни институции и единици на локалната самоуправа се должни да го почитуваат Уставот на Република Северна Македонија и да ги усогласат сите акти кои ги донесуваат со Уставот.

Слични содржини