Милевски: Ги почитуваме Италијанците, но аутсајдер денес има само на хартија

од Nikola Popovski
334 прегледи

Во денешниот фудбал аутсајдери има само на хартија. Сето она што се случува на терен е сосема друга приказна. Според рејтингот, Италија е фаворит, но на терен за исходот на мечот во голема мера ќе се прашуваме и ние, е првиот коментар на македонскиот селектор Благоја Милевски, откако на денешната ждрепка ја добивме Италија на патот кон Мундијалот во Катар.

Тој потенцира дека имаат голема почит за противникот и за нивниот селектор.

-Многупати сум напоменал дека го ценам како селектор и како тренер. Сметам дека е најзаслужен за европската титула на Италија. Под негово водство, сведоци сме на една нова, модерна фудбалска Италија која ги надминува стереотипите базирани само на дефанзива. Играат сосема поинаков фудбал, тоа ги отежнува работите за сите нивни противници, сега и за нас се разбира, но мора да се прилагодуваме на предизвиците, вели Милевски.

Првиот меч, македонските репрезентативци ќе го играат на гостински терен на 24 март, а евентуалното финале ќе се игра на 29 март.

Слични содржини